Прво патување на Трамп во странство по победата: Оди на отворањето на Нотр Дам

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека во сабота ќе присуствува на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, што ќе биде негово прво патување во странство по победата на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс.

Loading...

Париската катедрала Нотр Дам, ремек-дело на готската архитектура од 12 век, која беше тешко оштетена во пожар пред пет години, е реновирана и од викендот повторно ќе биде достапна за верните туристи.

„Претседателот Емануел Макрон направи прекрасна работа за да ја врати катедралата Нотр Дам со сета своја слава, па дури и повеќе. Тоа ќе биде посебен ден за секого!“, објави Трамп на социјалната платформа Truth Social.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кандидатот на Трамп за шеф на ФБИ на удар на хакери