Прво и единствено интервју со сестрата на Хитлер: Детали за живот со монструмот! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Паула Хитлер, порано позната како Паула Волф, била помладата сестра на германскиот политичар Адолф Хитлер и последното дете на Алоис Хитлер и неговата трета сопруга Клара.

Парот имал шест деца, но преживеале само Адолф и Паула, што значи дека оваа жена била најблиската роднина на германскиот диктатор (имале и полусестра по татко им Анџела).

 

 

Односот брат – сестра бил комплициран

Како момче, Хитлер често бил тепан од неговиот татко. За возврат, кога станал тинејџер, Хитлер ја претепал својата сестра. Едно од најраните сеќавања за него, како што многу подоцна кажа Паула, било местото каде што ја удрил по лицето како осумгодишно девојче.

Во семејството Хитлер, тепањето деца се сметало за добра практика. Дури и мајката на Клара верувала дека тоа што Адолф одвреме – навреме ја тепа Паула е „добро за нејзиното образование“, пишува порталот Listverse.

Паула ја поминала младоста во Виена, каде најпрвин работела како собарка, а потоа како секретарка. Сето тоа време немала никаков контакт со нејзиниот брат, иако и тој останал во градот обидувајќи се да успее како сликар.

Братот и сестрата повторно се сретнале во 30-тите. Паула банкротирала, а Адолф потоа ѝ пратил пари за да се ослободи од долговите. Финансиската помош продолжила до самоубиството на Хитлер во 1945 година.

Паула поголемиот дел од војната го поминала како секретарка во воена болница под лажното презиме Вулф, кое го презела на инсистирање на нејзиниот брат.

Историчарите тврдат дека нацистичкиот диктатор имал многу ниско мислење за неа. Во разговор со своите соработници тој зборувал за неа како „глупава гуска“.

 

EVA ANNA PAULA BRAUN, died Eva Hitler. February 6, 1912 April 30, 1945 was the longtime companion of Adolf Hitler and briefly his wife. Pictured with Adolf Hitler. London UK PUBLICATIONxINxGERxONLY – ZUMAk09

 

Последниот „вистински“ Хитлер

По 1945 година, Паула била уапсена од Американците. Била испрашувана, а потоа ослободена бидејќи никогаш не била политички активна, ниту член на нацистичката партија.

Таа тврдела дека го видела својот брат само два пати за време на војната, но дека не може да поверува дека тој е одговорен за злосторствата што му се припишуваат.

Меѓутоа, последователните истражувања покажале дека Паула не била толку наивна како што се претставувала.

Руските истражители откриле дека таа била свршена со нацистичкиот лекар Ервин Јекелиус, одговорен за смртта на над 4.000 луѓе во гасните комори.

Ервин бил уапсен и умрел во заробеништво, но Паула останала на слобода, се преселувала од еден град во друг и живеела со помош на преживеаните членови на СС и тесниот круг на комесари на Хитлер.

Непосредно пред нејзината смрт, Паула дала телевизиско интервју и тоа било единственото нејзино појавување во јавноста.

 

 

Емисијата се емитувала во 1959 година како дел од програмата „Тиранија: Годините на Адолф Хитлер“, а Паула најмногу зборувала за неа и за детството на нејзиниот брат, одбивајќи да одговара на прашања поврзани со политиката.

Тие ја опишале како едноставна и пристојна жена која не се однесува како некој што има каква било врска со најголемото чудовиште во историјата на човештвото.

Иако зборувала и за тепањето, сеќавањата на нејзиниот брат биле чудна мешавина од незадоволство и восхит.

– Кога игравме како деца, мојот брат Адолф секогаш беше лидер. Сите други го слушаа. Претпоставувам дека инстинктивно знаеле дека неговата волја е посилна од нивната – изјавила Паула.

Таа почина во 1960 година како последен член на најтесното семејство на Хитлер. Таа не се омажила и немала деца.