По тридневната туристичка мисија во орбита, првиот цивилен екипаж кој патуваше во вселената со шатлот Crew Dragon на SpaceX се врати на Земјата.
Капсулата безбедно слета во близина на американската држава Флорида, а екипажот го сочинуваа милијардерот Џаред Исакманин, Хејли Арцено (29), Сиан Проктор (51) и Крис Семброски (42).
Компанијата SpaceX на Илон Маск изјави дека сите членови на екипажот се вратиле здрави.
SpaceX, исто така, го пренесуваше во живо екипажот што излегуваше од капсулата, а Исакман рече дека тоа е неверојатно искуство.
Мисијата наречена „Инспирација4“ започна на 15 септември кога капсулата Драгон беше лансирана од база во Флорида со ракета Фалкон-9.
Патниците поминаа шестмесечна обука и летаа со капсула на височина од 575 километри.
Исакман донираше 100 милиони долари помош за деца заболени од рак пред лансирањето, и вети дека ќе донира уште многу кога ќе се врати на Земјата.