Првите шест гласачки ливчиња во Њу Хемпшир се преброени – три за Харис, три за Трамп

Сподели со своите пријатели

Првите шест гласачки ливчиња на претседателските избори беа официјално пребројани во градот Диксвил Ноч во американската сојузна држава Њу Хемпшир, со што се одбележува почетокот на денот на изборите во САД.

Loading...

Од шесте регистрирани гласачи во тој град, три гласа беа за потпретседателот на САД и кандидат за претседател на Демократската партија Камала Харис, а три гласа за поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп, објави ABC.

Според резултатите од последната анкета на Еј-Би-Си и Ипсос, која беше спроведена во неделата, Камала Харис има мала предност на национално ниво, а Трамп води во некои „свинг“ држави, додека во Пенсилванија имаат исти резултати.

Во понеделникот, последниот ден од кампањата, Харис и Трамп одржаа митинзи во Пенсилванија кои се сметаат за клучни за одредување на исходот од претседателските избори.

Високиот советник на Камала Харис, Дејвид Плуф, изјави за Си-Ен-Ен во понеделникот вечерта дека нејзиниот изборен штаб верува дека таа може да ги освои сите седум држави „свинг“ каде резултатите од гласањето се неизвесни.