Кога станува збор за конкуренцијата меѓу децата во семејството, понекогаш науката може да пресуди на едната или другата страна. Резултатите од едно од поновите истражувања спроведени на оваа тема покажуваат дека постарите деца во семејство се попаметни од помладите.
Во истражувањето објавено во Journal of Human Resources, економистите од Универзитетот на Единбург и Универзитетот на Сиднеј докажале дека децата кои се постари постигнуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција, отколку нивните помлади браќа и сестри. Истражувачите коирстеле податоци од 5000 деца од Американското биро за статистика.
Според нив, причината за тоа е фактот дека за првородените деца родителите вложуваат повеќе време и напор за активности кои го стимулираат нивниот мозок, како што се читањето, слушањето музика и различните игри. Тоа е така бидејќи кога ќе се родат вторите деца, родителите веќе не минуваат време со нив.