Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од Управата за хидромтеоролошки работи.
Повеќе врнежи се очекуваат во северните и западните делови, каде на планините ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток. Во вечерните часови врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намали. Највисоката дневна температута ќе биде во интревал од 6 до 15 степени.
Во Куманово и околината времето денеска ќе биде облачно со слаби услови за дожд во текот на денот, но со значител пад на температурите. Така максималната дневна ќе достигне само до 8 степени, додека во текот на ноќта ќе се вратат негативните температури и така ќе имам вредност од -2 степени целзиусови.
Утре и во понеделник ќе биде претежно сончево со пораст на дневната температура. Во вторник кон крајот на денот и среда повторно ќе повремен локален дожд, велат од УХМР.