Првичните неофицијални резултати од референдумот на сајтот на ДИК покажуваат дека 89,98% од гласачите во Куманово гласале „ЗА“ на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, додека „против“ гласале само 6,21% од граѓаните.
Во бројки тоа се 4.158 гласови „ЗА“ и 287 „ПРОТИВ“.
На државно ниво „за“ гласале 91,03% од гласачите, но со напомена дека станува збор за првични резултати и процесирани само 20,21% од избирачките места.
Статистиката е заклучно 20:22 часот.