Први истополови венчавки во Швајцарија

Сподели со своите пријатели

Првите истополови свадби се одржаа во Швајцарија, откако пред девет месеци се одржа референдум на кој 64 отсто од граѓаните го поддржаа законот „Брак за сите“.

Loading...

Законот ги прави истополовите партнери еднакви во правна смисла со хетеросексуалните парови, вклучувајќи го и правото на заеднички посвојување деца и гарантирањето на државјанството на сопружниците, пренесува АП.

Швајцарија одобри граѓански истополови партнерства во 2007 година.

Пријателите и семејството ги поздравија Алин и Лаура со прегратки, овации и аплаузи, заедно со неколку солзи радосници, во Женева, каде што се венчаа по дваесет години брак.

Швајцарија, конзервативна земја со 8,5 милиони жители, до вчера беше меѓу ретките западноевропски земји кои не ги признаваат истополовите бракови.

Грција, Италија, Андора, Монако и Сан Марино дозволуваат само хетеросексуални бракови.

Повеќето земји во Централна и Источна Европа не дозволуваат истополови бракови.