Првата живинарска фарма во Куманово

Сподели со своите пријатели

Првата живинарска фарма во Куманово била отворена на 25 февруари 1962 година и претставувала погон на земјоделскиот комбинат во Кумново, лоцирана во поранешните простории на некогашното претпријатие „Отља“, недалеку од селото Проевце.

На свеченоста по повод отворањето присуствувале истакнати оштествено-политички работници, народни пратеници и претставници на повеќе републички институции за унапредување на земјоделското стопанство.

Присутните гости ги разгледале просториите и уредите на фармата, кои тогаш имале годишен капацитет од 200.000 пилиња.

При целосната изградба на објектот било предвидено фармата дневно да дава по 3.200 пилиња или околу еден милион пилиња годишно.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 8 (четврток, 15 февруари 1962. година)

Leave a Reply