Прва помош, идните возачи ќе полагаат во Црвен крст (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со новите измени на законот за патиштата, првата помош е вратена во Црвен крст. Сите кандидати за возачи кои сакаат да полагаат за прва помош отсега тоа ќе го прават во просториите на Општинската организација на  Црвен крст Куманово, наместо како досега во авто школите.

Loading...

– Целокупната обука го опфаќа начинот на пружање на прва помош со цел вожачите да можат да пружат помош доколку дојде до таква ситуација. Обуката трае 4 дена од кои 2 дена се теоретски плус 2 дена практични, а потоа следуваат тестови, изјави Никол Ѓорѓевска член на Црвениот крст Куманово.

 

 

Безбедноста во сообраќајот е многу битен сегмент од секојдневното живеење, и на некој начин сите сме учесници на сообраќајот, вели Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово.

Затоа СВР Куманово, вели таа, во рамки на работењето на своите организациски единици секоја година во своето работење како еден од приеритетите за работа ја зема и областа од сообраќајот со превентивни и репресивни мерки.

 

Loading...

 

Денеска една од тие планирани активности кумановската полиција ја спроведе со членовите на Општинската организација на Црвен крст Куманово со цел запознавање со начинот на пружање на прва помош при сообраќајна незгода.

– Целта е да се зајакне свеста на сите учесници во сообраќајот за безбедно учество како и за почитување на сообраќајните правила и прописи и на одговорноста на укажување на навремена и правилна прва помош. Затоа и се направени измените во законот за патниот сообраќај, каде што од 1ви февруари започна наставата и обуката на кандидати за возачи за полагање на прва помош во рамки на организацијата на Црвен крст каде што стручни лица, доктори со лиценци сето тоа ќе го контролираат и ќе ги издаваат потврдите на кандидатите за возачи. Со сето ова се надеваме дека ќе донесе поголем квалитет и правилно насочување и обучување во рамки на прва помош. Би сакале со ваквите активност да се намали бројот на сообраќајни незгоди,бројот на повредени лица и жртви и секако помала материјална штета – рече Богдановка.

Една од следните активности на Отсекот за превенција ќе биде на Денот на виното и љубовта, кога на учесниците во сообраќајот ќе им се укажува дека не треба да возат под дејство на алкохол.

Членовите на Училишната сообраќајна единица исто така поделија флаери на настанот за безбедно учество во сообраќајот.

 

Loading...

 

М.Ф.

Leave a Reply