Прва отшета во Англија за смрт предизвикана од вакцината против Ковид

Сподели со своите пријатели

Една жена во Велика Британија, чиј партнер починал по вакцината на Астра Зенека, стана првата личност која добила компензација за смрт предизвикана од вакцинација.

Loading...

Вики Спит добила максимална отштета од 120.000 фунти (околу 140.000 евра), но таа тврди дека тоа не е доволно и дека обештетувањето е несоодветно, пренесува Би-би-си.

Нејзиниот покоен вереник, рок пејачот Зајон (48) од Алстон, Камбрија, Англија, се разболел осум дена откако примил инјекција и починал во мај 2021 година.

Вики Спит повикала брза помош на 13 мај минатата година, кога здравствената состојба на Зајон се влошила поради „болна“ главоболка, но шест дена подоцна тој починал во болницата Ројал Викторија во Њукасл.

Во неговата смртна потврда се наведува дека пациентот „починал поради компликации од вакцината“, пренесува Би-би-си.

38-годишната девојка вели дека се задолжила откако ја изгубила платата на Зајон и верува дека требало да добие околу 180.000 фунти (околу 210.000 евра).

Таа се жали и затоа што морала да чека предолго за компензација во согласност со правилата на британскиот систем за исплата на надоместокот за вакцинација, воспоставен во 1979 година, додавајќи дека сумата не е во согласност со зголемената инфлација, пренесува Танјуг.

Вики Спит вели дека Зајон бил здрав, во добра физичка форма и дека имал добри шанси да преживее доколку лекувањето започнело порано.

Loading...

Таа додаде дека црниот дроб и бубрезите на Зајон биле донирани по неговата смрт и дека донирањето на неговите органи помогнало да се спасат животите на три лица.

Џејмс Бел, партнер во специјализираната адвокатска канцеларија за спорови кои произлегуваат од медицинска небрежност, исто така смета дека британскиот систем за плаќање компензација не е доволно усогласен.

„Иако ми е драго што Вики успеа да добие реституција за сите тешкотии со кои се соочи по смртта на Зајон, шемата за плаќање едноставно не е усогласена“, рече Бел.