Филипините го пријавија својот прв случај на вирусот на мајмунски сипаници откриен кај 31-годишен Филипинец кој се вратил од странство на почетокот на овој месец, соопшти денеска Министерството за здравство.
Мажот закрепнал, но бил во самоизолација дома. Сепак, 10 лица, вклучително и тројца членови на неговото домаќинство, мораа да одат во самоизолација, рече заменик-министерот за здравство Беверли Хо.
Човекот претходно патувал во земји каде што биле пријавени случаи на мајмунски сипаници, додаде Хо.
Околу 70 земји, каде што мајмуните сипаници не се ендемични, забележаа епидемии на вирусот, а досега се пријавени околу 20.300 случаи ширум светот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.
Контактите на заразениот Филипинец не покажале никакви симптоми.
Одделот за здравство на Филипините бара лицата изложени на мајмунски сипаници да бидат ставени во карантин од 14 до 21 ден.