Прв пат во историјата на наградата „Лукс“ во трка македонски филм

Сподели со своите пријатели

Македонскиот филм „Господ постои нејзиното име е Петрунија“ на режисерката Теона Митевска, по селекцијата во Берлин, успехот во Пула и неколку други филмски фестивали, влегува во трка за престижната награда „Лукс“ што ја доделува Европскиот парламен. Ова беше соопштено на денешната прес конференција организирана од Европскиот Парламент.

Loading...

По излагањето на новоизбраниот претседател Давид Мариа Сасоли беа објавени насловите на трите европски филмови кои се селектирани за годинешната награда „Лукс“ .

За најновиот филм на Теона С. Митевска на прес конференцијата беше истакнато дека станува збор за „Моќно филмско дело кое ја раскажува приказната за една жена која е дел од религиозна церемонија каде имаат пристап единствено мажите, чин што значително придонесува за феминистичката борба на оваа жена – најакутното социјално прашање на нашето време, кое е интензивирано на Балканот“.

Оваа вест е дотолку позначајна бидејќи во историјата на доделување на оваа награда по прв пат е селектиран македонски филм. Оваа вест ни стигнува како континуитет на успесите на македонскиот филм.

„Радува фактот што македонската кинематографија годинава постигнува максимална видливост од нејзиното постоење до денес. Фестивалите во Берлин, Кан, Венеција, Санденс, Лос Анѓелес станаа секојдневен дострел на македонските филмаџии, а одмерувањето со најдобрите филски автори во Европа и Светот веќе дури не не изненадува. Новата стратегија за развој на филмската уметност, за неполни две години даде фантастични резултати. Честитки за селекцијата за наградите „Лукс“ и се надеваме  контиунуитетот на афирмација на нашата филмска уметност нема да застане тука“, соопштува Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. 

Проекцијата на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ организирана од наградите „Лукс“ ќе биде на престојниот филмски фестивал во Венеција.

Заедно со „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ снимен во копродукција сo Белгија, Словенија, Хрватска и Франција во режија на Теона С. Митевска, се филмовите „Кралство“ на

Родриго Сорогојен (Шпанија, Франција) и „Нерешениот случај Хамарскјолд“ на Мадс Бругер  (Данска, Норвешка, Шведска и Белгија).

Loading...

Темите кои ги обработуваат трите филмови селектирани филмови ја претставуваат  различноста и креативноста на европскиот филм.  Во селекцијата на сите три наслови е  видлив широк спектар на филмски стилови, вклучувајќи документарен филм, социјална драма со елементи на комедија и политички трилер, каде жанровите и родовите се добро балансирани.

Сите три филма имаат многу успешен фестивалски живот и се наградувани како „Нерешениот случај Хамарскјолд“ кој ја имаше својата премиера на филмскиот естивал во Санденс каде ја доби наградата за најдобра режија во програмата “World Cinema Documentary Competition“, „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, својата премиера ја имаше на Берлинале каде доби две награди од независно жири, а филмот „Кралство“ имаше премиера на  филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Осма година по ред овие филмови ќе бидат главен сегмент на филмските денови – „Лукс“ оваа есен. Преку оваа иницијатива, а со цел да се поддржи европската филмска индустрија и да им се помогне на овие значајни европски копродукции да бидат видени надвор од националните рамки Филмската награда „Лукс“ги преведе овие филмови на 24 официјални јазици на Европската унија и истите ќе бидат прикажани во повеќе од 50 градови и фестивали во сите 28 земји на ЕУ.

Овоодинешните филмски денови „Лукс“ уште еднаш ќе се одржат во соработката со Канцелариите на Европскиот парламент и канцелариите на МЕДИА програмата низ Европа со цел поголема видливост и промоција. Воедно во соработка со Креативна Европа.

На есен, новоизбраните членови на Европскиот парламент ќе бидат поканети да гласаат за еден од трите филма што се натпреваруваат. Победникот ќе биде објавен на 27 ноември на формалното заседание на Европскиот парламент во Стразбур, во присуство на директорите. Филмот победник, ќе биде дополнително обработен со прилагодување за лицата со оштетена вид и слух и ќе добие дополнителна поддршка за меѓународно претставување.

Филмот „Господ постои нејзиното име е Петрунија“  беше селектиран во првиот круг заедно со уште девет европски ко-продуцкии меѓу кои беше и филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов,  после оваа селекција тој е  влезен во најтесниот круг за избор на оваа престижна награда.

Текст и фото: Агенција за филм на Република Северна Македонија

Leave a Reply