Прв пат по пет години Јапонија го нема најсилниот пасош

Сподели со своите пријатели

Трката за врвот на глобалната листа на пасоши за 2023 година стана малку поинтересна.

Loading...

Пет години Јапонија беше на првото место во „Хенли паспорт индекс“, но сега Сингапур ја „зазеде круната“.

Во текот на летото 2023 година Јапонија „падна“ на третото место, а на првото место се искачи Сингапур, чии граѓани без виза можат да патуваат во 193 од 227 земји во светот.

Германија, Италија и Шпанија се искачија на второто место со безвизен пристап за 190 дестинации, додека на Јапонија и Јужна Кореја на третото место им се придружуваат Австрија, Финска, Франција, Луксембург и Шведска.

Граѓаните од тие седум земји имаат пристап до 189 дестинации без виза.

„Индексот за пасоши на Хенли“ се заснова на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) и рангира 199 пасоши ширум светот.

Се ажурира во реално време во текот на годината како и кога ќе стапат на сила промените во визната политика, пишува CNN.

Најдобрите пасоши во 2023 година:

1. Сингапур (192 дестинации)

Loading...

2. Германија, Италија, Шпанија (190 дестинации)

3. Австрија, Финска, Франција, Јапонија, Луксембург, Јужна Кореја, Шведска (189)

4. Данска, Ирска, Холандија, ОК (188 дестинации)

5. Белгија, Чешка, Малта, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Швајцарија (187 дестинации)

6. Австралија, Унгарија, Полска (186 дестинации)

7. Канада, Грција (185 дестинации)

8. Литванија, Соединетите Американски Држави (184 дестинации)

9. Латвија, Словачка, Словенија (183 дестинации)

Loading...

10. Естонија, Исланд (182 дестинации)

 

Најлошите пасоши во 2023 година:

101. Сирија (30 дестинации)

102. Ирак (29 дестинации)

103. Авганистан (27 дестинации)