Прв натрепвар во пливање на градскиот базен (галерија)

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осум ученици од пливачкиот од основните и средни училишта во Куманово заедно со пливачите на клубот „Аква“ вчеравечер беа дел од првиот ревијален натпревар во пливање кој се одржа во затворениот градски базен.

 

Loading...

dsc_0125

 

Вкупно шест трки беа одржани за прв пат во градот, а беа применети поголем број различни пливачки техники. Настанот е во рамките на одбележувањето на Денот на градот, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

 

dsc_0099

 

Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека ова е подем на пливачкиот спорт во градот, кој ќе им овозможи на младите да се развијат психо-физички.

По повод денови на Куманово наши ноемвриски денови, направивме една трка симболична, направивме 5-6 трки во пеперутка, грбно, слободно пливање и така натаму нешто со што покажавме дека Куманово има интерес за пливачкиот спорт. Знаете дека над 1.800 ученика користат дневна рекреација, воншколска активност, пливачкиот клуб Аква работи на оваа поле уште еден клуб појавува интерес, најверојатно од 9ти завршуваме со сите активности во однос на префрлување на базенот и тогаш го отвараме комплетно за рекреација за граѓанството и од декември започнува изградбата на малиот базен за непливачи. Ова дфинитивно значи подем на пливачкиот спорт, еден од најубавите спортови, бидејќи се развива целиот организам, дава сила, психофизичка кондиција и на некој начин Куманово влегува во градови со сите димензии на спортување – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

dsc_0090

 

Loading...

Освен клубот Аква, уште еден приватен клуб појавил интерес за организирање пливачки активности на затворениот базен, а наскоро според Дамјановски ќе се одржуваат и други спортови на вода меѓу кои и ватерполо.

 

dsc_0081

 

Според инструкторот по пливање, Момчило Антевски ова е голем исчекор за младите во Куманово кои се занимаваат со пливање и наместо да одат во Скопје своите активности можат да ги реализираат во затворенито базен во Куманово.

Ова е историски период од месец и половина како е отворен, веќе 14-15 години одиме секоја сабота и недела, значи родителите, а пред се децата го чекаа овој момент за да се занимаваат со наубавиот спорт што може да постои. Инаку интерес е на завидно ниво, мислам дека има уште еден клуб кој се вика Тумба, мислам дека и они започнуваат со работа и како ќе одминува времето интересот ќе се зголемува и тука можеме утре да се надеваме дека ќе произлезат идни шампиони на Македонија – вели Момчило Антевски, инструктор по пливање.

dsc_0075

 

Општинскиот сојуз на спортови годинава со вкупно осум спортски манифестации активно се вклучи во одбележувањето на ноемвриските денови.

 

dsc_0066 dsc_0048 dsc_0041 dsc_0039 dsc_0024 dsc_0018 dsc_0009 dsc_0001