Прв летен камп на Движење ЗНАМ: Македонија има иднина со младите лидери

Сподели со своите пријатели

Со над 150 млади активисти, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го започна својот прв летен камп за млади, потврдувајќи дека иднината на македонската политика се гради преку младинска енергија, ентузијазам и визија за државата.

 

 

Во своето обраќање, Претседателот Максим Димитриевски истакна дека движењето ја гледа својата иднина во младите и во нивниот капацитет да креираат нови политики за подобра Македонија.

 

 

„Јас во оваа сала гледам огромна енергија и капацитет. Гледам потенцијал за раст и развој. Јас тука ја гледам иднината на ЗНАМ. Вие сте пионерите на младината на ЗНАМ – генерацијата што ќе ја води Македонија напред“ – посочи Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Митевски најави дигитализација и нови алатки за транспарентност во Куманово (ВИДЕО)

 

 

Тој потсети дека Движењето ЗНАМ е создадено со идеја за нов, конструктивен и државотворен политички пристап, кој се темели врз чесност, работа и истрајност.

„Нашата цел е да изградиме кадри кои ќе ја креираат не само партиската, туку и државната политика. Мисијата на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија е градење на стабилен и одговорен политички субјект кој ќе ја води државата во вистинската насока“ – порача тој.

 

 

Димитриевски посочи дека една од главните задачи на младите е да останат во својата татковина и активно да ја градат иднината на Македонија.

„Сакаме да ги задржиме идните интелектуалци, да не заминуваат од државата. Македонија не е изгубена – таа може да биде поубаво место за живеење, ако сите вложиме труд и истрајност. Вистинските промени доаѓаат со луѓе што не се откажуваат.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Во изминатите осум години се посветив на сите делови од градот без селекција

 

 

На крајот Димитриевски упати моќна порака до младите истакнувајќи го значењето на нивната улога во иднината на движењето:

„Јас иднината на ЗНАМ не ја гледам во мене. Јас сум само еден од иницијаторите. Иднината ја гледам во Вас – во идните лидери, во идните авторитети на ЗНАМ. Тоа не се добива преку ноќ, тоа бара работа, труд и упорност.“

 

 

Првиот летен камп на Движењето ЗНАМ во Струга претставува почеток натрадиција чија цел е да се изгради мрежа на млади политички лидери,подготвени да ја водат државата со визија, енергија и одговорност.