Македонските радио и телевизиски станици од денес немаат можност да емитуваат македонска музика, споре одлуката на Здружението за заштита на авторските и музички права на Македонија (ЗАМП), но нема да емитуваат ниту српска музика по забраната од СОКОЈ, авторската агенција од Србија.
И српските и македонските автори не се задоволни од парите што ги добиваат од македонските медиуми за авторски и изведувачки права. Викендов нема да се одржи Фолк фест Валандово кој требаше директно да се пренесува на МТВ.
Од Македонската медиумска асоцијација најавија тужба против ЗАМП и од Министерството за култура бараат одземање на дозволата за работа.Тие сметаат дека тарфитеи на ЗАМП се прескапи, 750 денари за една минута.