Провалник му влегол во домот, но не украл ништо, туку направил нешто изненадувачко

Сподели со своите пријатели

Нејт Роман, сопственик на една куќа за „Бостон глоуб“ рекол дека по враќањето од работа во својот дом на 15ти мај утврдил дека во домот некој влегувал.

Loading...

Но, кој и да провалил во куќата во Масачусетс не украл ништо, туку темелно ја исчистил.

Не недостасувало ништо, но 44-годишниот маж забележал дека креветите се наместени, теписите исчистени, бањата измиена, а дури и тоалетната хартија била средена.

Тој настан го опишал како „чуден и страшен“ и повикал полиција. Полицискиот службеник му рекол дека полицијата за прв пат има ваков случај и дека немаат осомничени.

Роман вели дека можеби ги оставил задните врата отклучени и мисли дека во неговито дом можеби по грешка била служба за чистење која требала да исчисти некоја друга куќа.

Leave a Reply