Медицинската сестра Ангела Гонкалвес од Бразил стана хит на Интернет.
Видеото го прегледале над 1.500.000 луѓе и стана многу брзо вирално.
Анџела снимала видео за час по танц на интернет, но тогаш се случи нешто непредвидено.
Видеото долови маж кој прво гледа низ прозорецот, а потоа влегува во собата. Прво се исплаши. Таа сфаќа дека не го познава и почнува да се бори со него како лавица.
За тоа време, нејзината 11-годишна ќерка била во куќата, во друга просторија. Таа физички се соочила со него, го туркала цело време удирајќи го, а имала и помош од своето куче.
– Бев исплашена… Го прашав што прави овде, мислев дека е некој што го познавам, но кога видов дека сака да ме зграби, ми функционираше инстинктот за самоодбрана. Што друго можев да направам освен да го тепам – рекла мајката од Бразил, а пренесуваат британските портали.