Провалници упаднале во градинка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Провалници упаднале во објект на кумановската градинка, а утринава тоа го забележале вработените кога дошле на работа.

– На 02.01.2025 во 06.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во временски период од 17:00 часот на 01.01 2025 година до 06:15 часот на 02.01.2025 година, со употреба на сила било влезено во детска градинка на улица „Страшко Симонов“ во Куманово и при тоа не било одземено ништо, а причинета е само материјална штета, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  506 ГОДИНИ КУМАНОВО: Како започнал развојот на градот пред повеќе од пет века?

Никола Ивановски