Противник на вакцинацијата заврши во болница поради морбили

Сподели со своите пријатели

Член на италијанската крајно десничарка партија Северна Лига и еден од најгласните противници на вакцинацијата Масимиљано Федрига заврши во болница и тоа токму поради морбили.

Loading...

Федрига објави дека четири дена бил во болница откако минатата недела се заразил.

– Добро сум. Сега сум дома и се опоравувам, им благодарам на сите, напишал Федрига на социјалните мрежи откако е отпуштен од болницата, пренесува британски „Индепендент“.

Федрига е еден од најгласните противници на италијанскиот закон од 2017 година за задолжителна вакцинација на децата пред тргнување на училиште.

Истакнувал дека родителите не треба да се „присилуваат“ за да ги вакцинираат своите деца.

Тој признал дека неговите деца се вакциниарани, а исто така и негирал дека е експлицитно против вакцинацијата. Сепак, тврдел дека присилувањето на родителите да ги вакцинираат своите деца не е најдобар начин во борба против епидемијата.

– Секогаш сум говорел дека сум за вакцината и дека за постигнување на резултатите е неопходна довербата од родителите, а не наметнувањето. Критичарите дури рекле дека ќе добијам морбили од децата, а не сфаќаат дека моите деца се вакцинирани, како што и реков во многу интервјуа, рекол тој во едно од претходните интервјуа.

Случајот го искоментирал и познатиот италијански лекар Роберто Буриони, кој му посакал брзо опоравување, но и го искористил неговиот случај да укаже за важноста на вакцинацијата.

Loading...

– Единствен начин да ја избегнеме оваа трагедија е вакцинацијата за да спречиме циркулација на овој опасен вирус, напишал Буринио на Фејсбук.

Leave a Reply