Противавионски панцирни зрна пронајдени при ископ на „Гутев рид“

Сподели со своите пријатели

Противавионски панцирни зрна вчера околу 9:50 часот биле пронајдени во атарот на селото Бедиње на месноста викана „Гутев рид“, при ископ на железничка пруга, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Откако бил забележан железен закопан предмен била повикана полицијата и од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување -Куманово излезено било на местото на настанот при што било утврдено дека се работи за две противавионски панцирни зрна калибар 40мм, едно противавионско панцирно зрно калибар 60мм и една топовска граната калибар 76мм, сите со потекло од Втората светска војна.

Пронајдените експлозивни средства се подигнати за понатамошна постапка.