Против Претседателот на Костарика покренато обвинет за поткуп

Сподели со своите пријатели

Поднесени се обвиненија против претседателот на Костарика Родриго Чавез и министерот за култура Хорхе Родригез, кој претходно беше министер за комуникации.

Loading...

Се сомневаат дека поткупиле висок владин функционер, користејќи средства од Централноамериканската банка за економска интеграција (CABEI), соопшти главниот обвинител на земјата.

Обвинителството соопшти дека на поранешниот претседателски советник Федерико Круз му биле исплатени 32.000 долари (околу 29.000 евра) за купување куќа, од средствата доделени од CABEI, објави денеска Ројтерс.

Обвинителите, исто така, рекоа дека Круз веќе е под кривична истрага, заедно со шефот на комуникациската фирма договорена од владата на Костарика, која наводно го водела бизнисот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Забрана која ги збунува сите патници - повеќе не можете да го носите овој уред во авион

Според истражителите, официјални лица одржале неколку состаноци во претседателската палата за да постигнат договор за ова прашање.

На Чавез и Родригез им се заканува затворска казна од две до осум години доколку бидат прогласени за виновни, соопштија обвинителите.

Кабинетот на претседателот на Костарика не одговори веднаш на барањето за коментар, според Ројтерс.