Протести во Амстердам против победата на антиисламскиот популист Герт Вилдерс

Сподели со своите пријатели

Стотици луѓе се собраа во петокот вечерта на плоштадот Дам во холандскиот град Амстердам против победата на екстремно десничарската Партија за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс на изборите одржани на 22 ноември, јавува Anadolu.

Екстремно десничарската, антиисламска ПВВ победи на општите избори во Холандија, а нејзиниот лидер изјави дека тие повеќе не можат да бидат игнорирани.

Демонстрантите изразија загриженост поради подемот на екстремно десничарската и исламофобична партија на Вилдерс ПВВ, која освои 37 пратенички места.

Во обид да ја ублажи својата претходна реторика, Вилдерс во изјава за јавниот радиодифузен сервис НОС ја изрази својата желба да биде премиер за сите, без разлика на етничкото потекло или религијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на санкции против Русија се приближи до 31.000

Тој изрази надеж дека би можеле да постигнат договор во коалициските преговори со другите партии.

Во претходните години партијата ПВВ во својата партиска програма ветуваше дека ќе ги затвори џамиите во земјата, ќе го забрани Куранот и ќе ги укине дозволите за престој на барателите на азил.