Протести ширум Русија и покрај забраната од полицијата: Приведени 850 лица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 850 луѓе веќе се приведени во најмалку 44 градови низ Русија, објави сајтот за полициски надзор ОВД-Инфо, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

Русија забранува демонстрации без дозвола, но Русите можат да организираат поединечни, индивидуални протести.

Властите во четвртокот ги предупредија граѓаните дека учеството во антивоени протести може да доведе до гонење и кривични пријави.

 

 

Полицискиот мониторинг сајт ОВД-Инфо објави за 50 приведени во Москва, Санкт Петербург и други руски градови поради независните антивоени протести.

На видеото објавено од Санкт Петербург се гледа толпата додека полицијата се обидува да ги „растури“ протестите.

Loading...

Поранешниот општински пратеник на областа Тимирјажевски во Москва, Јулија Гаљамина, изјави дека професорот Шанинка, филозофот Григориј Јудин, бил претепан од полицијата и одведен во несвест во полициската станица Јужно Медведково.

 

 

„Таму нема адвокат. Брзата помош одби да оди“.

Плоштадот Пушкин во Москва сега е исчистен, јавува дописникот на Комерсант, а останале само неколку новинари и минувачи.

 

Loading...

 

Сепак, апсењата продолжуваат.

Во четвртиот по големина руски град, Екатеринбург, повеќе од 100 луѓе учествуваа на антивоениот протест, пренесува порталот за вести Znak.com.

Московското обвинителство предупреди дека собирите се забранети и ќе доведат до „негативни последици“, а Федералниот истражен комитет издаде посебно предупредување за „нелегалните“ антивоени демонстранти.