Протест во Холандија: Тројца уапсени, испукани предупредувачки истрели

Сподели со своите пријатели

Холандската полиција во текот на ноќта уапсила три лица, а на протестот против владината политика која планира да ја намали емисијата на штетни гасови кои значително ќе се одразат на земјоделскиот сектор биле испукани предупредувачки истрели.

Loading...

Полицијата соопшти дека нема повредени во судирот при што, како што велат, биле испукани предупредувачки истрели, а пукано е и во некои трактори, поради што е покрената истрага.

Од полицијата велат дека со тие трактори нападнале нивни вработени.

Земјоделците веќе неколку пати ги блокираа виталните патишта во земјата во знак на протест бидејќи холандската владејачка коалиција се залага за намалување на емисиите на азотни оксиди и амонијак за 70 до 95 отсто на места блиску до заштитените природни подрачја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

За финансирање на транзицијата се издвоени 24,3 милијарди евра, што веројатно ќе бара многу фармери драстично да го намалат бројот на добиток.

Земјоделството е клучен сектор во холандската економија, со извоз од речиси 105 милијарди евра минатата година.