Повеќе десетина луѓе протестираа на Универзитетскиот плоштад во центарот на Букурешт поради ограничувањата што властите ги воведоа со примена на зелениот ковид сертификат.
Loading...
Демонстрантите синоќа го блокираа сообраќајот во областа, веејќи знамиња и носејќи постери со пораки како „Слобода без сертификат“ и „СЗО (Светска здравствена организација) надвор од земјата“.
Тие извикуваа и „Нема да се откажеме, нема да се вакцинираме“, „Единствено решение – уште една револуција“ и „Слобода“, пренесува романската агенција Аџерпрес.
Георг Симион, копретседател на десничарската Алијанса за спас на Романија (АУР), исто така беше на протестот.