Протест на родителите во Студена Бара поради лошите услови во подрачното училиште (фото)

Сподели со своите пријатели

Родителите на учениците што изведуваат настава во Oсновното училиште “Браќа Миладиновци” во село Студена Бара , денеска не ги пуштија учениците на настава , а тие одржаа протест пред училиштето .

Велат дека нивните деца изведуваат настава во многу лоши услови, а имало и случај кога цигла паднала врз дете. Во оваа основно училиште настава изведуваат 10 деца од прво до пето одделение во две училници . Селото е одалечено на само 12 километри од Куманово, а училиштето е изградено во шеесетите години со средства од селаните.

“Нечисто е и неискречено, инвентарот е пред 50 години, тоалетот е катастрофа, немаме услови за настава на децата”- вели Раде Стојановски , родител.

Родителите и во петок не ги пуштиле децата , но од наставниците добиле предупредување доколку не ги пуштат децата на настава ќе бидат казнети .

 

Loading...

studena bara

“Ние ќе ги пуштиме децата на настава бидејќи немаме пари да плаќаме казни, но ќе бараме подобри услови за нашите деца”- вели Маре Апостоловска , родител.

Директорката на основното училиште Браќа Миладиновци, Марина Манојловска вели дека до неа никој не доставил барање за било што , вели дека законски е доколку не ги пуштат децата на настава родителите да добијат казна, а не дека некој им се заканува.

“Училиштето е избелено  минатата година , исчистено е и извршена е дезинфекција , не е точно дека не е белено”- , реагира Манојловска .

Директорката Манојловска се сомнева дека протестот има политичка позадина .

 преземено од: Радио Бум