Протече шокантен мејл на Маск: Ако не се појавите, ќе претпоставиме дека сте дале отказ

Сподели со своите пријатели

Шефот на Тесла, Илон Маск, им наредил на вработените да се вратат во канцелариите со полно работно време, велејќи дека работата на далечина повеќе не е прифатлива, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Последната наредба на контроверзниот милијардер најпрвин беше споделена преку електронска пошта во рамките на компанијата, а потоа протече и на социјалните мрежи.

– Секој во Тесла мора да поминува минимум 40 часа неделно во канцеларија. Доколку не се појавите, ќе претпоставиме дека сте дале отказ, напиша Маск во еден од мејловите.

Клучот за успехот на компанијата

Понатаму се наведува дека вработените треба да аплицираат за работа во една од главните канцеларии на компанијата, „а не во оддалечена експозитура што не е поврзана со работните обврски“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија расте омразата кон странците

Маск додаде дека лично ќе ги разгледа сите барања за изземање од неговата нова политика на компанијата.

Тој исто така рече дека работата во канцеларија со полно работно време е она што една компанија го бара од вработените во фабриката и дека личната соработка е клучна за успехот на компанијата.

– Секако дека има компании кои не го бараат тоа, но кога последен пат испорачаа одличен нов производ? Помина долго време – напиша Маск во мејлот кој протече во јавноста, а подоцна беше споделен на социјалните мрежи.

Loading...

Откако корисниците на Твитер почнаа да му поставуваат прашања за новата политика на компанијата, Маск одговори во свој стил:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонската влада одлучна: Смртната казна останува

„Луѓето кои не сакаат да ги почитуваат новите правила можат да се преправаат дека работат на друго место“, рече Маск на Твитер, на прашањето за политиката.

Микс на два пристапи

Компаниите во многу индустрии се двоумат дали да дозволат практиката на далечинско работење да продолжи по пандемијата на коронавирус.

Некои сектори, како што е банкарството, рано сигнализираа дека очекуваат вработените да се вратат во канцеларијата, додека други, често во технолошката индустрија, рекоа дека ќе дозволат далечинско работење на неодредено време. Повеќето од нив одлучија да ги измешаат овие два пристапа.

Стапката на искористеност во САД е околу 43 проценти, според Castle, која користи системи за пристап со безбедносни картички во илјадници згради низ целата земја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск или како имигрант од Јужна Африка го освои Вашингтон?

Маск инаку е познат по своите тврдоглави ставови кон работата. Ретко оди на одмор, а во кризниот период за Тесла пред неколку години спиеше во фабрика.

– Колку сте постари, толку повидливо мора да биде вашето присуство – напишал во еден од мејловите за политиката на работа на далечина.

Loading...

– Затоа толку многу живеев во фабриката: што оние што беа на линија ме видоа како работам со нив. Да не го направев тоа, Тесла одамна ќе банкротираше – изјави Маск.