Протече наводен дизајн за Windows 11: Еве како ќе изгледа! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Наводен дизајн на оперативниот систем Windows 11 на протече на кинеската страница „Баиду“.

Loading...

Сликите на почетниот екран на Windows 11 и системскиот интерфејс се појавија на Баиду.

Новиот интерфејс ќе биде сличен на оној што го планираа за Windows 10X, пред да го откажат. Очигледно малку го смениле и така ќе биде на Windows 11.

 

Апликациите се наоѓаат во средината на лентата со задачи, што сега е доста поедноставено, а ние исто така имаме ново копче за стартување и опција за брзо исклучување или рестартирање на уредот.

Почетното мени е само поедноставено.

Исто така, ќе имаме заоблени рабови – на менијата, File Explorer и апликациите.

Loading...

Исто така, ќе ја имаме апликацијата Windows Widgets во Task Bar.

Како што се очекуваше, ќе имаме нов звук при стартување.

 

Мајкрософт наскоро ќе го претстави оперативниот систем Виндоус 11.

Се очекува тоа да се случи на 24 јуни.

Leave a Reply