Картографот Ник Фриман нацртал карта која докажува дека во оваа земја и натаму постојат оази кои се недопрени и ненаселени. На зелените места прикажани на мапата навистина не живее никој.
Блок е најмала единица простор која американското Биро запопис ја пресметува за статистиката. Од пописот во 2010 година, САД има 11.078.300 пописни блокови. Од нив, 4.871.270 блокови или 4,61 милиони квадратни километри се пријавени како ненаселени.
Ипокрај популацијата од над 310 милиони жители, 47% од САД останува ненаселен простор. На оваа мапа исто така се наоѓаат места кои физички се „негостопримливи“ за живот, какошто се планински предели или законски се заштитени од страна на федералната влада, како Јелоустоун или Еверглејдс.
Со самото тоа, не дека тие места сепразни затоа што нема луѓе кои би сакале таму да живеат, туку затоа што самиот закон не им дозволува.
No one lives in the green areas
Source: https://t.co/xkIOcjxn8E
– pic.twitter.com/wJ14cNgehS— Amazing Maps (@Amazing_Maps) March 17, 2017
Loading...