Пропалестински демонстранти на покривот на австралискиот парламент (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неколку пропалестински демонстранти со транспаренти се искачија на покривот на австралискиот парламент во главниот град Канбера, објави Sky News.

Loading...

Демонстрантите развиле неколку транспаренти со слогани, меѓу кои и „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“, што често се користи на протестите на луѓето кои ја поддржуваат палестинската страна во војната со Израел во Појасот Газа.

На снимката се гледаат најмалку четворица демонстранти облечени во темна облека на покривот на зградата на парламентот.