Пропадна првиот обид на приватна компанија да слета на Месечината

Сподели со своите пријатели

Јапонската приватна компанија „Испејс“ објави дека, очигледно, нејзиниот обид да го испрати леталото на Месечината пропаднал бидејќи контактот со него бил изгубен веднаш по слетувањето.

Loading...

Доколку мисијата успееше, „Испејс“ ќе беше првата приватна компанија што слета на Месечината, пренесува АП.

Комуникацијата со леталото беше прекината кога се спушти на последните 10 метри, со брзина од околу 25 километри на час.

„Мораме да претпоставиме дека не можевме да го завршиме слетувањето на површината на Месечината“, изјави основачот и извршен директор на компанијата „iSpace“ Такеши Хакамада.

Тој додаде дека компанијата повторно ќе се обиде да ја изврши мисијата за слетување на Месечината.

Досега само Русија, САД и Кина успешно испратија свое летало на Месечината.

Израелска непрофитна компанија се обиде да слета на Месечината во 2019 година, но нејзиното летало беше уништено при слетувањето.