Пронашла 36.000 долари во креветот што го преземала бесплатно на интернет

Сподели со своите пријатели

Вики Умоду се обидела да го опреми својот стан со скромни средства и била пресреќна кога нашла оглас кој бесплатно подарува софа.

Loading...

„Само што се преселив и немаше ништо во куќата“, објасни таа за локалниот канал ABC7 од нејзиниот дом во Колтон во близина на Лос Анџелес.

Но, едната перница имала „гребнатинка“ и во обид да ја поправи, новиот сопственик пронашол пликови полни со готовина, секој со илјадници долари.

 

 

„Му се јавив на син ми и викав: „Дојди, дојди, види ги парите! Морам да му се јавам на тој господин“, рече таа.

Г-ѓа Умоду се покажала како човек  на чесност и го повикала лицето од кое ја земала софата да му ги врати парите.

Loading...

Семејството кое ја испразнило куќата на неодамна починатото лице признало дека поим немаат за скриените долари и во знак на благодарност ја наградиле госпоѓата Умода со 2.000 долари.

„Тоа ми треба за нов фрижидер“, рече чесната Умоду, која не се надеваше на ниту цент за нејзината искреност.