Данската полиција соопшти дека е пронајдено шишето вотка, чија вредност според тврдењата на сопственикот е проценета на 1,3 милиони долари, а која била украдена од еден бар во Копенхаген.
Полицијата навела дека шишето вотка не е оштетено и дека истрагата се продолжува.
Вотката исчезна од барот „Кафе 33“, а сопственикот Бријан Ингберг рекол дека преку телефон го контактирала личност која му рекла дека шишето е пронајдено на едено крадилиште во Копенхаген и дека е предадено на полицијата.


