Пронајдено најстаротото вино во течна форма: Направено е пред 2.000 години!

Сподели со своите пријатели

На југот на Шпанија во градот Кармона во провинцијата Андалузија, пронајдено е најстарото вино досега, направено пред околу 2.000 години.

Loading...

Виното има црвено-кафена боја поради хемиските процеси кои се случувале во текот на 2.000 години и, сосема веројатно, полни со вкус, пишува лондонски Гардијан.

Виното е откриено покрај погребната урна во која се пронајдени кремираните коски на Римјанин.

Анализата на експерти од Универзитетот во Кордоба утврдила дека се работи за локално вино со вкус сличен на шери.

Пред ова откритие, кое беше објавено во списанието Journal of Archaeological Science, најстарото зачувано течно вино било шише вино пронајдено во 1867 година во близина на германскиот град Шпајер, во антички римски гроб, датиран околу 325 година.