Пронајдени саркофази на свештеници кои ги „чистеле“ душите на фараоните

Сподели со своите пријатели

Вршејќи ископувања југоисточно од познатите пирамиди во Гиза, археолозите откриле гробница стара 4.500 години, соопштило египетското Министерство за антиквитети.

Loading...

На локалитетот еоктиени се неколку гробници. Во една од најстарите пронајдени се два недопрени саркофази, а лицата чии посмртни остатоци ги чуваат се викале Бенехви-Ка и Нуи.

Со анализа на гробните артефакти и хиреоглифските натписи откриено е дека двајцата луѓе жвееле пред скоро 4.500 години, во времето на Петата динасија, додека пирамидите во Гиза биле изградени за време на претхдоната.

Натписите наведуваат дека Бенехви-ка бил свештеник и судија, а најинтересна од сеумте титули кои ги носел била „прочистувач на фараонит Кафрен, Усеркаф и Њусер“.

Кефрен, прв од овие владетели, припаѓа на Четвртата династија и е заслужен за изградба на една од најпознатит епирамиди во Гиза – Кефреновата пирамида, додека Усеркаф и Њусер биле фараон на Петата динасија. Натписите наведуваат и пет титули кои ги имал Нуи, меѓу кои и „началник на големата држава“, „надзорник на новите населби“ и „прочиствувач на фараонот Кафрен“.

Меѓу бројнит епредмети кои биле пронајдено во оваа гробница најинтересна е статуата од варовник која претставувала еден од двајцата покојници со жената и синот.

Генералниот директор на Плато Гиза, Ашраф Мохи навел дека, како што била честа пракса во стариот Египет и оваа гробница била повторно користена. Се проценува дека тоа било пред околу 2.600 години. Од тој период потекнуваат пронајдените дрвени антропоидни ковчези кои биле осликани и декорирани, а некои имале и хиреоглифски натписи.

Археолозите на локалитетот пронашле повеќе камени рељефи, како и древни и глинени посмртни маски.

Loading...

Оваа гробница од периодот на Старото кралство ја пронашол тим египетски археолози предводени од Мустафа Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за артефакти.

Истражувањата се во тек и се очекуваат нови откритија.

Leave a Reply