Пронајдени остатоци од 98 лица под рушевините во зградата во Мајами

Сподели со своите пријатели

Противпожарната и спасувачката служба на округот Мајами-Дејд објави крај на потрагата по човечки остатоци во урнатините на една висококатница што се урна на 24 јуни, пренесува Ројтерс.

Loading...

Пронајдени и идентификувани се остатоците од последното лице кое беше наведено како исчезнато при уривање на висококатница во околината на Мајами, со што конечниот потврден број на мртви се зголеми на 98, изјави градоначалникот на округот Мајами-Дејд.

Властите претходно соопштија дека судбината на една жртва не е позната, а окружната полициска администрација потврди дека ќе продолжат да ги пребаруваат урнатините во потрага по личните предмети на станарите.

Дежурна противпожарна служба на местото на срушената зграда во Сурфсајд, предградие на Мајами, беше демобилизирана четири недели и еден ден по уривањето на 12-катницата, стара околу 40 години која се сруши на 24 јуни во 1:30 часот наутро додека станарите спиеле.

Leave a Reply