Пронајдена желка за која се мислело дека е изумрена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Живиот примерот на џиновска желка, вид за кој семислило дека изумрел пред повеќе од сто години, пронајден е во еквадорскиот архипелаг Галапагос, соопшти еквадорскиот Министер за животна средина Марсело Мата.

Loading...

Министерот навел дека возрасната женка од видот келоноидис фантастикус е пронајдена на островот Фернандина за време на експедиција во организација на Националниот парк Галапагос и американската конзервационистичка организација „Галапагос конзерванси“.

Желката е ендемски вид на Фернандини, ненаселен остров на Галапагос, вулкански пацифички архипелаг познат по единствениот растителен и животински свет. Тој вид џиновска желка досега се сметал за изумрен, како и келоноидис абигдони од островот Пинта.

Еквадор во 2015 година објави откритие на нов вид желки на Галапагос, наречени келоноидис донфаустои во чест на ветеринарот Фауст Љорен, кој ја лекувал познатата желка „Осамениот Џорџ“. Тој мажјак, последен жив примерот на видот, угинал во заробеништво во 2012 година, кога според проценките имал 90 години, откако одбил да се пари со женките од сродниот вид.

Галапагос се наоѓа на повеќе од 1.000 километри западно од Јужна Америка и е на листата светско наследство под заштита на УНЕСКО. Британскиот научник Чарлс Дарвин својата еволуција ја развил по посетата на тој архипелаг во 19 век.

Според расположливите податоци, на островите на Галапагос има 15 видови џиновски желки, вклучително и оние кои се сметаат за изумрени. Научниците веруваат дека желките на островот пристигнале пред три до четири милиони години и дека тука ги донеле морските струи, а дека разни видови се развиле во процесот на прилагодување на живеалиштата на различни острови.

Желките од Галапагос, својата исклучителна долговечност ја должат на генетската способност да ја „поправаат“ сопствената ДНК, наведуваат научниците.

https://youtu.be/2pILNNDIeI8

Leave a Reply