Пронајден тунел под Месечевата пирамида во Мексико
On:
Сподели со своите пријатели
Археолози од Националниот институт за антропологија и историја во Мексико откриле подземен тунел под Месечевата пирамида во древниот град Теотивакан, кој веројатно води во гробница, соопшти вестникот „Мексико њуз дејли“.
Според мислењето на научниците, тунелот го симболизира задгробниот живот.
Месечавата пирамида е една од најголемите градби на предколумбиска Америка. Се наоѓа во градот Теотивакан, кој е основан во третиот век пред новата ера, а постоел се до седмиот век од новата.
Се смета дека неговите жители биле представници на различни автохтони американски народи, вклучувајќи ги Науа, Томи, Тотонак.
Месечевата пирамида е изградена во период од 200. до 400. година пред наша ера и користена е во цел објавување ритуални церемонии во чест на божицата на водата и Месечината, Чалчиутликуа.
Во текот на претходните ископувања во 80те години од минатиот век, истражувачите пронашле човечки остатоци со деформирани черепи, како иа ртефакти изработени од зелен камен. Во текот на последното истражување експертите ја скенирале пирамидата со помош на електро-томографија.
Пронашле тунел на длабочина од осум метри кој води кон простории долги 15 метри. Влезо0т во тунелот се наоѓа на јужната страна на Плоштадот на Месечината, во непосредна близина на храмот, но се смета дека постои и друг влез на источната страна.
Засега на археолозите не им е познато што се наоѓа во погребната просторија. Меѓутоа, експертите сметаат дека подземниот систем на простории го симболизира задгробниот живот и потоците на светата вода од божицата Чалчиутликуа.