Пронајден престолот на фараонот Рамзес Втори (ФОТО)
On:
Сподели со своите пријатели
При ископување во познатото археолошко наоѓалиште во околината на Каиро, археолозите откриле престол на кој Рамзес Втори седел за време на јавните настани.
Имено, според соопштението на Министерството за антиквитети на Египет, најверојатно се работи за трон на кој фараонот седел при јавни прослави и обраќања.
Престолот се состои од подигнат дел на кој може да му се доближи преку скали, на кои најверојатно била поставена кралската столица.
Рамзес Втори на престолот дошол како тинејџер, а владеел од 1279. до 1212. година пред новата ера.