Пронајден најголемиот црв во светот, долг 1,5 метри и широк 60 сантиметри

Сподели со своите пријатели

Група научници од Филипини и САД и Франција од морето извадиле најголем црв на светот, чие постоење е документирано дури во 18 век. Се работи за бродскиот црв „Kuphus polythalamia“, кој е долг околу метар и половина и широк неверојатни шест сантиметри.

Ова необично суштество живее во школката, а главата му е нурната во блатото на дното на морето. Се храни со разни бактерии. Примерот кој можете да го видите на снимката под текстот е уловена на Филипини, а една локална телевизија веднаш снимила прилог за гигантското суштество. Видеото прикажува и негово сецирање во цел што подобро да се истражи видот.

Ова не е единствен вид на брдски црви, но сепак другите се многу помали и главно живеат во дрвото, поради што морнарите во минатото имале голем броблем со нив.

Loading...