Промовирана книгата „Клетник“ од Милица Митковиќ

Сподели со своите пријатели

Книгата „Клетник“ од авторката Милица Митковиќ вчеравечер беше промовирана во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Станува збор за збирка од песни кои го претставуваат модерниот живот од секојдневнието.

Младата авторка која живее и студира психологија во Белград својата инспирација ја пронашла во емоциите. Пишувањето го доживува како хоби кое прераснало во нешто повеќе, па затоа се одлучила своето дело да го овековечи во збирка поезија.

Целиот живот е инспирација. Инспирација е нечија туѓа приказна, моја некоја приканза се што има емоции предизвикува инспирација тоа доаѓа едноставно само од себе. Ова е првото дело единствено, сега од овие песни направивме збирка, сега з апонатаму се работи, дали ќе има се надевам дека ќе има и би требало да има – вели авторката Милица Митковиќ.

Според промоторката на книгата Гордана Јовиќ Стојковска во поезијата може да се најдат моменти од секојдневнието, а денешното време е сведок дека поезијата ни е потребна, затоа што уживањето со поезијата е поразилично од она што може да се прочита во електронските медиуми.

Книгата е посветена на некој начин на Куманово, бидејќи настаните и личностите околу кои се ткаат овие песни се од Куманово. Книгата содржи педесетина песни во неколку циклуси. Станува збор за поетска книга која ќе биде пред се интересна за помладата публика. Концепцијата на поезијата во 20 и 21 век ја губи приказната за порака, меѓутоа порака поетска, уметничка е секогаш порака за една љубов, за една длабока мисловност, за софистицираност, за суптилнсота што сите ние ја носиме во себе и што ја наоѓаме и во најбаналните ситуации – вели Гордана Јовиќ Стојчевска, промотр.

Збирката „Клетник“ е издадена со поддршка на српската заедница во Република Македонија и претставува прво дело на младата авторка Милица Митковиќ која планира и понатаму да се посвети на убавиот пишан збор.