Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска во Владата на Република Македонија одржа прес конференција на која ја презентирташе Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции.
Софтверското решение на оваа алатка овозможува лесно да се пребарува низ трошењата на функционерите и да се прави споредба на трошоците на државните службеници, по типови на трошоци, и во различни временски интервали.
Алатката од денеска е достапна пред целата македонска јавност на веб страницата на Владата на РМ, односно на следната адреса: http://vlada.mk/otchetnost-troshoci
– За прв пат во политичката пракса во Република Македонија, Владата е таа што, самоиницијативно, го стави на најотоворен, натранпсарентен начин, своетo работење. Ако во минатото граѓаните прашуваа, а властите криеја, денес Владата самоиницијативно ги изложува трошоците, без да чека некој да ја праша – нагласи на почетокот на прес конференцијата Поповски.
Министерот Поповски на прес конференцијата потсети дека Алатка за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции доаѓа како резултат на одлуката од 42-рата седница владата, со која беа задолжени министрите, замениците министри, државните секретари, генералниот секретар и Премиерот на Република Македонија, да достават информации за службените трошоци направени во рамките во првите шест месеци од преземањето на функциите, поточно од јуни до ноември 2017 година.
Софтверското решение ги прикажува податоците во форма на интерактивни инфографици со цел да ги направи попрегледни за сите.


