Во салата на МКЦ „Козјак“ во Куманово во петок со почеток од 12 часот ќе биде промовиран видео записот од Првиот меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2019“.
Loading...
Настанот е под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура, а организатор е Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“.
Промоцијата е дел од програмата за одбележување на 500-годишнината од постоењето на градот.