Промоција на стихозбирката „Во потрага по душа близначка“ од Филип Петровски во Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, во вторник со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи промоција на новата стихозбирка на Филип Петровски – „Во потрага по душа близначка“.

Филип Петровски е уметник кој не се ограничува само на еден израз – тој е музичар кој пишува и писател кој музицира. Со својата четврта книга по ред, овојпат по два романи и една збирка раскази, тој ѝ се обраќа на публиката преку најинтимниот жанр – поезијата.

Новата стихозбирка претставува колекција од децениско творештво, мозаик од љубовни, општествени, духовни и религиозни песни, во кои, според авторот, „секој читател ќе може да се препознае“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Постапки за извршување го отежнуваат работењето на ЈП „Чистота и зеленило“ (ВИДЕО)

Покрај книжевното претставување, вечерта ќе биде збогатена и со музички момент – Петровски ќе настапи со авторска композиција за клавир, што ја најавува како дел од неговиот уникатен уметнички израз.

Промотори на книгата ќе бидат Драгица Стаменковиќ и Анкица Бојковска, кои ќе говорат за значењето и длабочината на поетскиот јазик на авторот.

Никола Ивановски