Промоција на „Македонска рок енциклопедија“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во  Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва ќе се одржи промоција на книгата „Македонска рок енциклопедија (1963-2018), Прв том“  од Тошо Филиповски.

Во енциклопедијата се опфатени музички состави од  самата појава на овој феномен, во 1963та година, се до денес. Набројани се вкупно 333 музички состави, споменати се повеќе од 2000 музичари,  прикажани се околу 400 фотографии.

На промоцијата ќе биде присутен приредувачот на Енциклопедијата – Тошо  Филиповски, а ќе биде прикажан и краток документарен филм кој ја опфаќа  рок сцената во Македонија во 60тите и 70тите години од XX век. Промотор  на Енциклопедијата ќе биде Љубиша Петрушевски, долгогодишен културен  активист.

Настанот започнува во 19:30 часот.

Leave a Reply