Промоција на книгата „Разголена душа“ од Марта Димитров

Сподели со своите пријатели

„Разголена душа“ од Марта Димитров ќе биде промовирана пред кумановската публика.

Во ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ на 6ти месецов со почеток во 19 часот, авторката Димитров ќе ја промовира својата нова книга при што ќе има и свое обраќање пред присутните.

Книгата има за цел да ги инспирира читателите да размислуваат дека соништата е возможно да ни се остварат само ако имаме силна верба во нив и работиме на нив без откажување.

Промотор на промоцијата ќе биде Петар Гурев, а настанот ќе биде збогатен и со уметнички настап на актерката Кети Дончевска Илиќ

Leave a Reply