Кафе барот Агора во Куманово во среда со почеток во 20 часот ќе биде домаќин на прмоцијата на книгата цртежи , „Are you schizoid“ од Кирчо Арсовски, која неодамна ја објави издавачката куќа Темплум од Скопје.
За книгата ќе зборуваат Никола Гелевски и Владимир Јанчевски.
Кирчо Арсовски е култна фигура на македонската независна културна сцена. Најмногу е познат како музичар (предводник на групата Трачери), но создавал стрипови и филмови, пишувал драми и колумни…


