Промоција на „Емотивен талог“ од Ана Јовковска во Куманово

Сподели со своите пријатели

На 17 октомври (понеделник), со почеток од 19 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе се одржи промоција на второто издание од последната книга на Ана Јовковска, „Емотивен талог“.

Loading...

Приказните од женската кујна, како што се наречени во поднасловот, веќе се докажан рецепт за вкусна проза. Уште од своето објавување во април, „Емотивен талог“ ја освои пошироката публика. Оваа збирка од есеи допрва ќе ја добива својата вредност и доказ е дека македонската женска проза заслужува да биде ценета.

Ана Јовковска е научна истражувачка, магистерка по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, ТВ-уредничка, специјалист за односи со јавност, докторантка по Културолошки студии и тренер по комуникациски вештини. Со сето богато искуство, таа добро го познава современиот живот. Затоа во својата книга успешно ја проткаја пораката за човечноста, а се чини дека луѓето тоа одлично го препознаваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и се заканувал на полицајци во СВР Куманово

Книга што вреди да се прочита, авторка што вреди да се познава, настан што вреди да се има во меморијата, за да нè потсетува на тоа колку силен може да биде зборот.

Интегрално соопштение